10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Во Собранието на Северна Македонија се одржа комеморативен настан по повод 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. На настанот им беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот
Во своето обраќање, претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи, ја опиша Сребреница како рана која не зараснува, истакнувајќи дека зад статистиките и бројките се кријат човечки животи и бескрајни трагедии.
„Во Сребреница не беше нападнат само еден народ, туку самото човештво“, изјави Азизи.
Тој нагласи дека, имајќи го предвид мултиетничкиот карактер на Северна Македонија, соживотот и меѓусебното почитување можат да се зачуваат и негуваат само преку силни, демократски и одговорни институции.
Азизи подвлече дека споменот за жртвите од геноцидот во Сребреница мора да остане жив, како наша морална обврска за да не се дозволи никогаш повеќе да се повторат вакви трагедии.
На настанот присуствуваа и свои обраќања имаа и претседателот на Собранието, Африм Гаши, професорот Ферид Мухиќ, како и претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

