11 јули 2026
• од Темелко Тошев
Во вториот квартал од оваа година, цените на становите бележат раст од 13,3 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Сепак, она што може да се забележи е тренд на забавување на растот на цените, со оглед на тоа што во првиот квартал од годинава годишната стапка на раст изнесуваше 16,6 отсто.
За споредба, минатата година растот на цените на становите во првите два квартали беше поголем од 19,5 отсто, додека во втората половина од годината, поскапувањето на недвижностите на годишно ниво надмина 25 отсто. Индексот на цените на становите, кој се однесува исклучиво на територијата на град Скопје и се пресметува врз основа на огласените, а не на реализираните цени на продажба, забележа континуиран раст и во вториот квартал на 2026 година.
Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, бројот на трансакции на пазарот бележи пад во првиот квартал од оваа година.
И покрај континуираната изградба и растот на цените, на терен се појавува еден интересен парадокс – сè повеќе станови во Скопје остануваат празни. Додека цената за метар квадратен достигнува рекордни нивоа, дел од новоизградените станови не се користат ниту за живеење, ниту се издаваат под кирија.
Експертите посочуваат неколку клучни причини за оваа појава:
Во меѓувреме, кредитната активност кај населението продолжува да расте. Во мај, кредитите за домаќинствата забележаа месечен и годишен раст од 1,3%, односно 12,0%, поттикнати од проширувањето на кредитирањето и во денари и во странска валута, при што доминираат кредитите во денари.
Според намената, најзастапените категории кај физичките лица – потрошувачките и станбените кредити – во мај забележаа месечен раст од 1,1% и 1,4%, соодветно, како и високи годишни стапки на раст од 11,2% и 16,3%.
Во последните шест години (од мај 2020 до мај 2026 година), станбените кредити се повеќе од двојно зголемени. Нивната вредност скокнала од 52.959 милиони денари на 116.017 милиони денари, што значи пораст од нешто над 800 милиони евра на речиси 2 милијарди евра.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

