11 јули 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во свое неодамнешно излагање се осврна на историската улога на Коминтерната во врска со македонското прашање, истакнувајќи дека првото големо и официјално признавање на македонската историска нација доаѓа токму од оваа меѓународна организација.
Георгиевски посочи дека овој историски факт често се злоупотребува од страна на соседните држави за негирање на македонскиот идентитет. Според неговите зборови, тезата дека Македонците се вештачки „продукт“ или измислица на Коминтерната низ годините континуирано се користи како пропагандна алатка од соседите.
„Тоа со години го слушавме од српските великошовинисти во политиката на Милошевиќ, Шешељ, па и актуелната власт во Србија. Кога се засили битката со Грците, истото го слушавме и од грчката политика и новинарство, а во последно време најчесто го слушаме од бугарските политичари, новинари и историчари“, вели Георгиевски.
Сепак, тој децидно нагласува дека не бега од официјалната македонска историографија и дека во признавањето од страна на Коминтерната нема ништо негативно или пежоративно. За појасно да го дефинира овој историски процес, тој направи паралела со развојот на македонскиот стандарден јазик.
Како што во 1945 година се случи официјалното кодифицирање на македонскиот јазик, Георгиевски смета дека чинот на Коминтерната треба да се гледа во истата смисла – како „кодифицирање на македонската нација“. Тој појаснува дека нацијата не е измислена тогаш, туку дека таа настанала порано, додека Коминтерната само го дала првото големо политичко и историско признавање за нејзиното постоење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

