10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во своето најново обраќање во подкаст, отворено зборуваше за историското присуство на Бугарите во Македонија и актуелната дебата за уставните измени. Тој категорично го отфрли наративот дека Бугарите немаат историски корени на овие простори, нарекувајќи го таквиот став „чисто пропагандна позиција“.
Георгиевски во своето излагање истакна дека секој што сериозно се занимава со историја и факти не може да го поддржи тезата дека Бугарите никогаш не биле дел од македонското минато.
„Зборувањето дека во Македонија никогаш немало Бугари и затоа немаме потреба ни да ги ставиме во Уставот е навистина чисто пропагандна позиција која едноставно може да се дискутира меѓу пропагандисти. Меѓутоа, некој што навистина се занимава со сериозни аргументи, тешко може да го каже сето тоа“, истакна Георгиевски.
Тој појасни дека, наспроти ваквите тврдења, историските факти говорат сосема спротивно, потенцирајќи дека Бугарите се присутни на територијата на Македонија уште од 6-тиот век.
Осврнувајќи се на моменталната демографска слика и резултатите од пописите, поранешниот премиер го отвори прашањето за драстичното намалување на бројот на луѓе кои се декларираат како Бугари во денешна држава.
Според него, овој драстичен пад претставува „интересен феномен“:
Георгиевски најави дека оваа тема бара посебно внимание и дека детално ќе ја разработи во некои од неговите следни тематски и историски емисии.
Заокружувајќи ја темата, Георгиевски констатираше дека токму поради долговековното присуство на Бугарите на овие простори, државата има обврска да го рефлектира тоа во својот највисок правен акт. Според него, вметнувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија е одговорност која произлегува од самата историска реалност, а не прашање за кое треба да се водат дневнополитички препукувања.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

