26 јули 2026
• од Темелко Тошев
Медиумскиот модел на српскиот претседател Александар Вучиќ и официјално се прелева во Македонија. Српски бизнисмени и медиумски магнати, кои важат за исклучително блиски до владејачките структури во Белград, започнаа агресивна експанзија на македонскиот медиумски пазар преку купување телевизии и отворање на нови компании. Ова не е само бизнис потег, туку многумина го гледаат како системско ширење на политичко и идеолошко влијание.
Главниот фокус во оваа медиумска офанзива паѓа на Саша Благојевиќ, сопственик на српската медиумска групација „Alo Media System“ (издавач на таблоидот „Ало“ и порталот Alo.rs). Благојевиќ, кој во српската јавност е познат како човек од доверба на министерот за финансии Синиша Мали, веќе има изградено огромна империја во регионот.
Неговото портфолио континуирано се шири:
Иако првичните преземања се одвиваат под радарот, контурите на српското влијание во македонскиот етер стануваат сè појасни. Според актуелните информации, цел на преземање се два познати медиуми:
Влезот на ваков тип капитал во Македонија експертите го анализираат низ призмата на пошироката геополитичка стратегија на Белград, позната како „Српски свет“. Овој концепт, кој претставува копија на доктрината „Руски свет“, се заснова на ширење на политичко, културно и медиумско влијание во просторите на поранешна Југославија.
Според неодамнешниот извештај на меѓународната организација АМО (Асоцијација за меѓународни прашања) насловен „Српското малигно влијание во Западен Балкан“, „Српскиот свет“ користи моќни наративни алатки кои комбинираат национализам и историски ревизионизам за да се задржи регионалната предност на Србија.
Извештајот директно предупредува на негативните последици од овој концепт, посочувајќи дека:
Поврзувањето на сопственичката структура на медиумите во Македонија со бизнисмени блиски до Вучиќ е типичен пример за тоа како овој „модел“ практично функционира – создавајќи регионална мрежа која ги обликува политичките наративи и ја зацврстува политичко-медиумската оска контролирана од Белград.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

