26 јули 2026
• од Темелко Тошев
Водата за пиење од јавните водоводи во Битола, Демир Хисар, Ресен и Кичево е целосно безбедна, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Битола.
Според ЦЈЗ Битола, во текот на 2026 година биле анализирани 418 примероци од јавните водоводи, и сите покажале 100% бактериолошка и физичко-хемиска исправност.
Од друга страна, анализите на локалните селски водоводи, како и на чешмите покрај патиштата и спомен-чешмите, покажале висок процент на бактериолошка неисправност. Во дел од примероците биле изолирани колиформни бактерии, кои укажуваат на фекално загадување и претставуваат сериозен ризик по здравјето.
Од ЦЈЗ Битола апелираат до граѓаните при престој на планина, на излетнички места и туристички дестинации да користат флаширана вода или вода наполнета од дома од јавниот водовод. Тие потсетуваат дека квалитетот и безбедноста на водата не можат да се проценат според нејзиниот изглед, мирис или вкус.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

