26 јули 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги минимизира проблемите со водата во Гостивар и дека состојбата во градот е сериозна.
Од партијата наведуваат дека во изминатите денови речиси 4.000 граѓани побарале медицинска помош, а болничките капацитети се под голем притисок. Според нив, водата сè уште не е безбедна за употреба и граѓаните се принудени да обезбедуваат флаширана вода.
„Ова не е паника, туку реалност со која се соочуваат гостиварчани“, велат од СДСМ, обвинувајќи ја власта дека не реагирала навреме.
Од опозициската партија додаваат дека институциите требало порано да ги препознаат предупредувачките сигнали и да преземат мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

