02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Сообраќајот на државните патишта утрово, 2 октомври 2026 година, се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На патот Гостивар – Кичево е воведен времен режим на сообраќај поради градежни активности на мостот на реката Тајмишка. Режимот ќе важи до завршувањето на предвидените работи за санација.
АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што постои можност за одрони.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

