02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Северна Македонија веќе добива дел од придобивките од европската интеграција, но формалниот пристапен процес останува блокиран. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Брисел ќе работи на деблокирање на процесот, по што земјата би можела брзо да напредува.
Фон дер Лајен посочи дека преку Планот за раст Северна Македонија постепено се поврзува со единствениот европски пазар. Земјата досега добила 140 милиони евра, се приклучила кон СЕПА, а трошоците за трансакции се намалени за повеќе од 90 проценти. Таа ги наведе и пониските трошоци за роаминг и пристапот до европската инфраструктура за вештачка интелигенција како примери за постепена интеграција.
Сепак, оваа практична интеграција се одвива побрзо од формалните преговори за членство. На прашање зошто Северна Македонија не е меѓу земјите за кои ЕУ подготвува патокази за понапредната фаза од преговорите, Фон дер Лајен објасни дека тие се наменети за државите кои веќе отвораат и затвораат преговарачки поглавја. За Северна Македонија, рече таа, прво треба да се „деблокира ситуацијата“.
Според официјалната позиција на ЕУ, договорените уставни измени остануваат неопходниот следен чекор. Тие предвидуваат во Уставот да бидат вклучени граѓани кои се дел од други народи, меѓу кои и Бугарите. Тоа значи дека за преминување во следната фаза е потребна одлука на македонските институции за усвојување на измените. Европскиот совет во јуни повтори дека токму усвојувањето на договорените измени е неопходно за придвижување на формалниот пристапен процес.
Фон дер Лајен нагласи дека, откако блокадата ќе биде надмината, Северна Македонија би можела брзо да напредува бидејќи веќе интензивно работи на потребните реформи. Во меѓувреме, ЕУ продолжува со постепеното економско и институционално приближување на земјата кон Унијата.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

