02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со денешната порака од Скопје јасно потврдила дека Македонија има место во Европската Унија со својот македонски јазик, култура и идентитет.
„Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред целата јавност кажа дека местото на Македонија е во Европската Унија“, рече Каранфилова Пановска.
Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски порача дека Европската Унија ја прифаќа Македонија со нејзиниот идентитет и јазик и дека македонската култура и јазик можат да ја збогатат Унијата. Таа нагласи и дека земјата припаѓа на европската маса и дека е потребен уште еден клучен чекор за продолжување на пристапниот процес.
Според Каранфилова Пановска, ваквата порака го потврдува ставот што СДСМ го застапува од 2022 година, дека европскиот пат не претставува закана за македонскиот идентитет.
Таа потсети дека пристапните преговори започнаа во 2022 година, а скрининг-процесот беше завршен во 2023 година. Воедно, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека по доаѓањето на власт не обезбедило напредок во европската интеграција.
„Наместо европеизација добивме билатеризација. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува“, рече Каранфилова Пановска.
Од СДСМ оценуваат дека продолжената блокада на европскиот пат носи политички и економски последици за државата и повикаа процесот на интеграција во Европската Унија да продолжи.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

