02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот шахист Волен Дјулгеров приреди големо изненадување откако го победи поранешниот светски шампион Магнус Карлсен во блиц партија на турнирот „Чес Клаб Шоудаун“.
Како што пренесува „Факти.бг“, Дјулгеров, познат на стриминг-платформите под прекарот „Вити Ејлиен“, ја искористил грешката на норвешкиот велемајстор и успеал целосно да го сврти текот на партијата.
Карлсен играл со белите фигури и во почетокот имал значителна предност. Дјулгеров, сепак, продолжил да врши притисок, по што Норвежанецот направил непрецизен потег. Предноста преминала на страната на бугарскиот шахист, а Карлсен набрзо се предал.
По победата, Дјулгеров бурно славел, а неговата реакција брзо привлече внимание на социјалните мрежи.
На турнирот учествувале околу четири илјади и четиристотини шахисти, а покрај Карлсен настапиле и познатите велемајстори Максим Вашје-Лаграв и Аниш Гири. Следното издание на натпреварувањето е најавено за дваесет и осми октомври.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

