02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бројот на работниците во индустријата во август 2026 година е намален за 3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем пад е регистриран во рударството и вадењето камен, каде што бројот на работници е намален за 8 отсто. Во преработувачката индустрија намалувањето изнесува 2,8 отсто.
Раст од 0,7 отсто е забележан во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работници е намален во сите категории. Најголем пад, од 4,4 отсто, има кај нетрајните производи за широка потрошувачка.
Во периодот од јануари до август 2026 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

