30 септември 2026
• од Гоце Кически
Грчката заменик-министерка за надворешни работи Александра Пападопулу изјави дека употребата на називот „Македонија“ наместо уставното име „Северна Македонија“, како и одредени историски формулации во учебниците, според Атина, ги прекршуваат Преспанскиот договор и Уставот на земјата.
Пападопулу во грчкиот парламент рече дека Атина бара од учебниците во Северна Македонија да бидат отстранети формулации што грчката страна ги смета за ревизионистички или иредентистички. Посебно внимание се посветува на употребата на официјалното име на државата и на начинот на кој се претставуваат античка Македонија, Александар Велики и Филип Втори.
Повод за расправата беа наводи дека во учебник за шесто одделение се користат формулации како „Александар Македонецот“ и изрази за „поробена и измачувана татковина“. Грчки пратеници побараа владата да реагира преку заедничката експертска комисија формирана со Преспанскиот договор.
Пападопулу нагласи дека договорот прави разграничување меѓу античкото македонско наследство, кое го поврзува со античката грчка цивилизација, и современиот македонски идентитет. Според неа, ова разграничување треба јасно да биде почитувано и во образовните материјали.
Прашањата за учебниците се разгледуваат во заедничката експертска комисија на двете земји, која се состанува најмалку двапати годишно. Последната средба била одржана во Атина во мај годинава, а грчката страна, според Пападопулу, продолжува да ги посочува деловите за кои смета дека не се во согласност со Преспанскиот договор.
Руски напади врз Киев: Најмалку четворица загинати, погодена енергетската мрежа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

