02 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигна во Северна Македонија, во рамки на нејзината турнеја низ Западен Балкан. Европската комисија претходно потврди дека Скопје е дел од нејзината регионална посета.
На скопскиот аеродром Фон дер Лајен ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пречекот беше и амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас.
Посетата доаѓа во период кога европската интеграција на Северна Македонија повторно е во центарот на политичките разговори. Рокас неодамна изрази надеж дека посетата на Фон дер Лајен може да даде дополнителен поттик за напредокот на земјата кон ЕУ.
Муцунски на социјалните мрежи објави дека посетата ја гледа како потврда на европската ориентација на земјата и на определбата за продолжување на европскиот пат, објавува „Журнал.мк“.
Фон дер Лајен ја посети Северна Македонија како последна станица од нејзината турнеја низ дел од земјите од Западен Балкан, чија цел, според Европската комисија, е да се нагласи поддршката на ЕУ за европската перспектива на регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

