02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнува во Скопје, со што ја завршува својата турнеја низ Западен Балкан. Главни теми на разговорите ќе бидат европскиот пат на Северна Македонија, следните чекори во процесот на пристапување кон Европската Унија и постепената интеграција во европските структури.
Според МИА, во Скопје, Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. По средбата со Мицкоски е предвидена и заедничка прес-конференција.
Европската комисија соопшти дека нејзината регионална турнеја е насочена кон следните чекори за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и кон нивната интеграција, поддржана и преку Планот за раст на ЕУ вреден шест милијарди евра.
Во разговорите во Скопје се очекува да биде отворено и прашањето за односите со Бугарија, како и уставните измени со кои Бугарите и други заедници треба да бидат внесени во Уставот, што е дел од обврските поврзани со натамошното придвижување на евроинтегративниот процес. Европската перспектива на земјата и регионот ќе биде меѓу централните теми на денешните средби.
Во рамки на посетата, Фон дер Лајен ќе посети и дел од железничкиот Коридор VII во Северна Македонија, проект кој добива финансиска поддршка од Европската Унија.
Пред Скопје, претседателката на Европската комисија ги посети Албанија, Косово и Црна Гора. Србија и Босна и Херцеговина не се дел од оваа турнеја поради претстојните избори во двете земји, а Европската комисија најави дека Фон дер Лајен ќе ги посети дополнително.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

