22 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.
Поголема внимателност се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите возила до три и пол тони.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

