21 септември 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската агенција за безбедност на храната врати над два тона кисело млеко од Северна Македонија по контрола на граничниот премин Ѓуешево. Станува збор за пратка од компанијата „Лацталис МК Млекарница“ ДООЕЛ Битола.
Според бугарските власти, при проверка на товарно возило биле задржани 576 картони, со по 20 пакувања кисело млеко.
Причината била несовпаѓање меѓу податоците наведени во сертификатот и ознаките на пакувањата на производот.
Целата пратка била вратена во Северна Македонија истиот ден. Бугарската агенција соопшти дека граничните контроли се спроведуваат постојано за да се спречи влез на храна што не ги исполнува пропишаните стандарди на Европската Унија.
Бугарски вселенски успех: ЕндуроСат стана компанија вредна над милијарда долари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

