22 септември 2026
• од Темелко Тошев
Северна Македонија и Бугарија почнаа со подготовка на новата програма за прекугранична соработка Интеррег за периодот од 2028 до 2034 година. Целта е идните заеднички проекти да донесат конкретни придобивки за граѓаните и развојот на пограничните региони.
На првиот состанок на програмската група учествуваа претставници на Европската комисија, институции од двете земји, локални власти, економски партнери и граѓански организации. Разговорите се насочени кон утврдување на областите во кои прекуграничната соработка може да има најголем ефект.
Од 2007 година досега, преку програмата биле поддржани 206 проекти со учество на 463 организации, со вкупен буџет од речиси 67 милиони евра. Новата програма треба да се насочи кон подолгорочни партнерства и проекти што ќе продолжат да даваат резултати и по завршувањето на европското финансирање.
Како главни предизвици се посочени демографскиот пад, иселувањето на младите, недоволната поврзаност и нееднаквиот пристап до услуги. Во исто време, се разгледуваат можности за развој на бизнисот, подобрување на услугите и поголема подготвеност за климатски ризици од двете страни на границата.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

