22 септември 2026
• од Темелко Тошев
Демографската состојба во Македонија продолжува да се влошува. Во второто тримесечје од 2026 година се родиле 3.684 деца, што е за три проценти помалку од истиот период лани, додека природниот прираст бил негативен и изнесувал минус 1.005 лица.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат значителен пад на бројот на живородени деца во повеќе општини во последните пет години. Во Тетово, бројот на живородени се намалил од 1.025 во 2021 година на 822 во 2025 година. Во Гостивар падот е од 583 на 440 деца, а во Куманово од 1.011 на 829.
Во 2025 година за првпат бројот на живородени деца во државата се спуштил под 16.000. Намалување е забележано и во Струга, каде бројот паднал од 543 на 474, како и во Кичево, од 368 на 277 живородени деца.
Негативниот природен прираст продолжил и во второто тримесечје од годинава. Најголема разлика меѓу бројот на починати и родени била забележана во Битола, со минус 118 лица. Негативен прираст имале и Аеродром, Куманово, Прилеп, Гостивар, Кочани, Велес и Охрид. Од друга страна, позитивен природен прираст бил регистриран во Тетово, Чаир и Арачиново.
Податоците за првата половина од 2026 година покажуваат дека падот на наталитетот продолжува, а во најголем дел од општините бројот на починати останува поголем од бројот на родени.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

