23 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Додека власта се фали со лажни рекорди, реалноста во паричниците на граѓаните е поразителна: буџетот е испразнет, дефицитот е надминат, а државата е втурната во должничка спирала која се заканува со колапс на економијата.
Министерката за финансии, Гордана Кочоска, денеска конечно го призна она што СДСМ со месеци го предупредуваше – во државната каса нема пари. Поразителниот факт е дека целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината. Наместо консолидација и ветувано намалување, Владата со најавениот ребаланс планира дополнително да го продлабочи дефицитот, што е директна потврда за целосниот неуспех на нивната економска политика.
Додека власта во своите „триумфални“ изјави говори за „трета економија во Европа“, граѓаните најдобро ја знаат вистинската состојба. Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери. Таму не се гледа економски раст, туку:
Наместо да се насочат кон реформи, Владата со Мицкоски на чело, ја турка земјата во изолација. Поради застојот во европските интеграции, државата свесно ги пропушта развојните можности, странските инвестиции и европските средства кои би биле клучен мотор за економски развој.
Ветувањата за намалување на јавниот долг останаа само на хартија. За само две години, долгот е зголемен за фрапантни 2,5 милијарди евра, достигнувајќи ја вртоглавата сума од 11 милијарди евра.
Поставуваме јасно прашање: Каде завршија овие пари?
Тие не завршија кај граѓаните преку повисоки плати, не завршија во реални мерки за компаниите, ниту во капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ уште еднаш предупредува: оваа Влада нема план за економски развој. Има само план за трошење, задолжување и лично богатење на поединци блиски до партијата на власт. Граѓаните се оние кои ќе ја платат цената за оваа финансиска неодговорност преку повисоки камати, повисоки даноци и поскапи услуги.
Оваа влада нема ниту проевропска, ниту развојна политика. Наместо за граѓаните, таа работи исклучиво за своите партиски интереси, туркајќи ја Македонија назад во времето на изолација и економска неизвесност.
Крајно време е власта да престане со лагите и да преземе одговорност за економскиот колапс кон кој ја води државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

