23 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Албанска лига (ЛШ) остро реагираше во врска со враќањето на старите имиња на улиците во Тетово, по неодамнешната одлука на Уставниот суд.
„Во Тетово, каде што 90% од населението се Албанци, се вратени југословенски и комунистички имиња, кои ниту Србија веќе не ги користи!“, изјави советникот од редовите на Албанската лига, Арлинд Муртезани, во гостување за телевизијата „A2CNN“.
Критики кон Уставниот суд и Владата
Од партијата оценуваат дека оваа одлука на Уставниот суд доаѓа како продолжение на низата, како што ги нарекуваат, „скандалозни одлуки“ кои ги донел овој суд во изминатиот период. Во тој контекст, тие ги посочуваат неодамнешното укинување на механизмот „Балансер“, како и иницијативите за преиспитување на Законот за употреба на јазиците.
„Ова е резултат на соработката помеѓу Уставниот суд и актуелната влада, бидејќи сите овие прашања беа промовирани во платформата на ВМРО-ДПМНЕ под мотото: ’Македонија повторно твоја’“, се наведува во реакцијата на партијата.
Влијание врз меѓуетничките односи
Од Албанската лига предупредуваат за негативните последици од ваквите политички и правни чекори врз општеството.
„Овие одлуки не придонесуваат за зајакнување на правната држава, ниту пак за градење на меѓуетничката доверба. Напротив, тие ги продлабочуваат поделбите и го нарушуваат принципот на еднаквост меѓу граѓаните“, заклучуваат од ЛШ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

