03 мај 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ со остра реакција по предупредувањата на Независниот синдикат на професионални војници, тврдејќи дека Министерството за одбрана формира „свој синдикат“ кој е под политичка контрола.
Во соопштението, партијата наведува дека станува збор за „класичен пример“ на, како што велат, методите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека тие воспоставуваат паралелни структури во институциите.
„Каде и да стигнат – во судството, обвинителството, полицијата, медиумите, а сега и во Армијата – веднаш формираат послушни структури за да ја задушат независноста и да ја стават под партиска контрола“, се вели во реакцијата.
Од СДСМ тврдат дека наместо да ги штити правата на професионалните војници, Министерството за одбрана работи на создавање „фантом синдикат“ кој ќе биде лојален на власта.
„Ова не е синдикално организирање, туку партизација на Армијата“, нагласуваат од партијата.
Тие го осудуваат, како што го нарекуваат, обидот за контрола врз војската и повикуваат на целосна независност на синдикалното организирање во рамки на Армијата.
„Војниците заслужуваат вистинска заштита на своите права, а не партиски синдикати“, се додава во соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

