06 јули 2026
• од Темелко Тошев
Македонскиот граѓанин повторно е брутално потсетен на суровата реалност и безнадежноста во која е оставен да преживува. Најновото издание на Глобалниот индекс на пасоши за 2026 година не донесе ништо друго освен ново разочарување, очај и уште една потврда дека нашата држава тоне на секое можно поле. Наместо напредок, се најдовме на срамното 78-мо место, далеку зад развиениот свет, па дури и зад оние со кои до вчера делевме иста судбина.
Додека граѓаните на Шведска (1. место), Швајцарија (2. место) и Финска (3. место) уживаат во економска стабилност, висок животен стандард и неограничени можности за живот и инвестиции, Македонците остануваат заглавени во сопствената сиромаштија.
Во првите десет на листата доминираат европските земји кои за нас претставуваат само недостижна илузија. Додека дури и едни Соединети Американски Држави бележат пад на 12-тото место, ние не можеме ни да сонуваме да се најдеме во првата половина од табелата. Ние сме на периферијата на светот.
Она што најмногу боли не е споредбата со една Шведска или Германија – тоа одамна е изгубена битка. Најголемиот пораз лежи во фактот дека речиси сите земји од поранешна Југославија нè оставија далеку зад себе во прашината.
Додека другите држави градат системи и нудат иднина за своите граѓани, кај нас сликата е следна:
Зад нас, од целиот регион, е останата само Босна и Херцеговина (83. место). Тоа е премногу слаба и трагична утеха за нација која континуирано и без прекин назадува.
Оние кои мислат дека оваа листа покажува само каде можеме да патуваме без виза, гадно се лажат.
„Глобалниот индекс на пасоши покажува дека денес вредноста на еден пасош не се мери само според бројот на држави во кои може да се патува без виза. Сè поголемо значење имаат и економските можности, стабилноста на државата, квалитетот на здравствениот систем и условите за живот...“
Токму тука лежи најголемата трагедија. Ова 78-мо место е директен шамар за нашата распадната економија, нашиот катастрофален и нефункционален здравствен систем каде луѓе молат за лекови, нултата политичка стабилност и очајните услови за живот.
Овој индекс всушност ни кажува дека нашиот пасош е прецизно огледало на нашата држава – немоќен, непривлечен за никого и безвреден на светската мапа. Инвеститорите нè заобиколуваат во широк лак, а граѓаните сонуваат само како да побегнат и да земат некој туѓ пасош (било каков), бидејќи македонскиот одамна престана да биде нешто со кое човек може да се гордее.
Остануваме заглавени на 78-то место, во темната чекална на светот, прашувајќи се дали некогаш воопшто ќе го допреме вистинското дно, или слободниот пад ќе продолжи и следната година.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

