03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Апелациониот суд Скопје ја донесе конечната одлука по жалбата на Стојанче Јовановски, кој беше осуден на 12-годишна затворска казна за семејно насилство и наведување на самоубиство. Со пресудата на Апелација, жалбата на обвинетиот е одбиена како неоснована, со што се потврдува првостепената одлука на Основниот кривичен суд Скопје.
Во соопштението од Апелациониот суд се наведува дека одлуката е донесена по одржаната јавна седница на 18 јуни 2026 година, во рамки на предметот КЖ-549/26. Со ова, правосилно се потврдува пресудата К.бр.551/26 од 7 мај 2026 година, со која Јовановски е прогласен за виновен за повеќе тешки кривични дела:
Од Апелациониот суд најавија дека целосниот текст на одлуката наскоро ќе биде јавно објавен.
Случајот, кој предизвика огромно внимание и згрозување во јавноста, се случи на 2 март 2026 година. Ивана, сопругата на осудениот, трагично го загуби животот откако скокнала од балкон, при што во прегратка ја држела нивната шестгодишна ќерка, Катја.
Судската постапка откри шокантни детали за континуираното насилство кое Јовановски го вршел врз својата сопруга со години. Последната епизода на насилство се случила непосредно пред кобниот чин, кога Ивана побарала помош од полицијата, но подоцна се премислила и ја повлекла пријавата.
Овој случај отвори и сериозни прашања за работата на надлежните институции. Во рамките на истрагата беше утврдено дека семејното насилство било пријавувано повеќе пати во минатото, но системот потфрлил во заштитата на жртвата. Истрагата покажа професионални пропусти кај дури 39 полициски службеници, кои не постапиле соодветно по пријавите за насилство, што евентуално можело да ја спречи трагедијата.
Со оваа правосилна пресуда, правдата е задоволена во судска смисла, но случајот останува болна потсетка за фаталните последици од неказнетото семејно насилство и важноста на навремената институционална реакција.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

