03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица кои се сомничат дека на 22 јуни физички нападнале малолетник во скопската населба Ченто, нанесувајќи му повреди со остар предмет.
Министерството за внатрешни работи информира дека по преземените оперативни мерки, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19), сите од Скопје. Тие се товарат за сторено кривично дело „насилство врз дете“, предвидено и казниво по член 201-а од Кривичниот законик.
Според полицискиот извештај, инцидентот се случил на 22.06.2026 година, околу 23:50 часот, на улицата „Финска“ во паркот во населбата Ченто. Тројцата пријавени физички нападнале 14-годишен малолетник, при што користеле тврд предмет, а со остар предмет му нанеле и повреди.
По пријавувањето на настанот, полициски екипи веднаш излегле на терен. При извршениот увид, пронајден е ножот со кој било извршено делото, кој е подигнат и предаден на вештачење.
Осомничените лица беа лишени од слобода, по што со нив бил извршен службен разговор во полициска станица. Надлежните органи продолжуваат со преземање на сите законски дејствија за целосно расчистување на случајот.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

