03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Осум службени лица од Државниот инспекторат за труд се соочуваат со кривична одговорност откако со нивното несовесно работење овозможиле дискотеката „Пулс“ во Кочани со години да работи надвор од законот, при што е стекната противправна имотна корист од над 1,2 милиони денари.
Одделението за внатрешни работи Кочани денеска поднесе кривична пријава против осум вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, предвидено во Кривичниот законик.
Кривичната пријава до ОЈО Кочани е поднесена против:
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените лица во периодот од 2022 година па се до 16 март 2025 година, иако биле законски обврзани да вршат инспекциски надзор, воопшто не го направиле тоа за дискотеката „Пулс“.
И покрај фактот што овој објект 13 години бил единствениот од ваков вид во Кочани, службените лица ниту еднаш не покренале постапка за инспекциски надзор по службена должност, со што директно го прекршиле Законот за инспекциски надзор.
Покрај овозможувањето на незаконска работа, во пријавата се наведува дека инспекторите со своето недејствување ги оставиле вработените во дискотеката без никаква заштита. Тие не ја контролирале исполнетоста на мерките за безбедност и здравје при работа, ниту пак ги почитувале основните права од работниот однос.
Ваквото игнорирање на обврските овозможило „Пулс“ незаконито да продолжи со работа, при што е остварена противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977 денари.
Случајот сега е во рацете на надлежното Основно јавно обвинителство, кое ќе треба да утврди како е можно толку долг период да изостане надзорот над објект кој работел спротивно на прописите.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

