04 јули 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку прес-конференција упати остри критики кон владината коалиција, оценувајќи го назначувањето на Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа како директен обид за ревидирање на Охридскиот рамковен договор.
Според членот на претседателството на генералниот совет на ДУИ, Фатон Алити, овој потег е само продолжение на низата политички удари врз стекнатите права на Албанците во државата.
Од партијата истакнуваат дека по неодамнешното укинување на механизмот „балансер“, слабеењето на Агенцијата за примена на јазикот и ударите врз албанскиот јазик, фокусот на власта сега е ставен врз уште еден суштински столб – децентрализацијата и територијалната поделба донесена во 2004 година.
Алити потенцираше дека најавите за намалување на бројот на општините кријат опасна политичка агенда.
„Територијалната поделба од 2004 година не е само карта со општини на хартија. Таа е дел од архитектурата на мирот. Затоа, кога денес се зборува за намалување на бројот на општините од 80 на 50, не станува збор за административна рационализација. Станува збор за повторно отворање на прашање кое беше затворено со мировен договор“, истакна Алити.
За ДУИ е апсолутно неприфатливо министер кој, според нив, нема соодветен политички легитимитет, историска чувствителност и морален мандат, да носи одлуки за општините со мнозинско албанско население. Како пример беа посочени општините Чаир, Тетово, Сарај, Липково, Гостивар и Струга.
Алити упати јасно предупредување до владината коалиција да не го тестира политичкото трпение на Албанците и да не ја отвора темата за нова територијална организација. Партијата ги дефинираше своите клучни позиции:
Од партијата порачаа дека Охридскиот договор е државно прашање и темел на уставниот и политичкиот поредок, а секој обид за негово нарушување ќе предизвика непотребен политички конфликт.
„Албанците нема да бидат неми набљудувачи на овој процес. Секој обид да се допре територијалната поделба од 2004 година ќе наиде на силен политички, институционален и граѓански отпор. Охридскиот договор, албанскиот јазик, правичната застапеност и децентрализацијата се нашите црвени линии и тие нема да бидат преминати“, заклучи Алити.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

