06 јули 2026
• од Темелко Тошев
Неприкладна сцена во која мајка за првпат го гледа своето новороденче облечено во парталава бенкичка со дупки, ја отвори Пандорината кутија за севкупната грижа и односот кон родилките на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.
Оваа контроверзна тема за акушерското насилство и лошите болнички услови повеќе не е табу. Жените отворено бараат достоинствен третман, очекуваат повеќе од основниот минимум и одбиваат да бидат третирани како натрапнички во сопствениот здравствен систем.
Мајка која се породила во првата половина на јуни сведочи за своето трауматично искуство. По породувањето, нејзиното бебе ѝ било донесено во собата облечено во искината облека со дупки. Иако правилата на ГАК строго налагаат мајката да не носи своја облека од хигиенски причини сè до исписот, болничката реалност нуди сосема поинаква слика.
„Целото бенкиче беше со дупки, се распаѓаше и беше круто на допир. Не бараме луксуз, но барем да се задржи достоинството на државната институција и здравството кое сите го плаќаме. Кога ги замолив да ми дадат друго бенкиче, добив дрзок одговор дека не сум во бутик, иако со свои очи видов дека шкафчето со облеки им е полно.“ – посочува разочараната мајка.
Таа додава дека ваквиот третман, во моменти на огромна физичка болка и емоционална ранливост, целосно го крши духот на секоја нова родилка.
Објавата на фотографиите од новороденчето во групата на Фејсбук „Труднички муабети“ предизвика лавина. Десетици други мајки почнаа да ги споделуваат своите негативни искуства со средномедицинскиот персонал, болничарките и катастрофалните услови на Клиниката.
Сведоштвата на родилките се шокантни и откриваат системски проблеми:
„Слични слики се обидувам да заборавам скоро две години. Навреди, арогантност и зборови дека сум била разгалена зашто не сум знаела да дојам, дека немаат чаршафи за нас што крвавиме, дека немаат време за секоја посебно...“ – пишува друга мајка, присетувајќи се на своето искуство.
Иако навидум може да се толкува како „ситен детаљ“ во споредба со самата медицинска интервенција на породувањето, искинатото бенкиче за новите мајки претставува симбол за крајно непочитување. Дел од нив, машките бебиња ги добивале во розови пижами со цвеќиња, појава за која и самите вработени на ГАК признаваат дека секојдневно предизвикува поплаки.
„За мене лично овој чин е недопустлив, навредлив и непростлив како мајка, но и како граѓанин кој редовно плаќа придонеси. Го доживувам како навреда и казна од страна на државата што сум се одлучила да се породам на државно, а не приватно.“
Епилог без одговор: Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сè уште нема излезено со официјален одговор за овие сериозни обвинувања од страна на пациентите. Доколку надлежните се огласат, јавноста очекува многу повеќе од козметички изговори – се бараат суштински промени и враќање на хуманоста во родилиштата.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

