23 јули 2026
• од Никола Трајковски
Бугарскиот пасош се најде пред пасошите на САД и Обединетото Кралство на глобалната листа за мобилност, покажуваат податоците од меѓународниот индекс за јачина на пасошите, објавен од „Гардијан“.
Според рангирањето, Бугарија е на 11. место во светот, што им овозможува на нејзините граѓани да патуваат во голем број држави без виза, со виза по пристигнување или со поедноставени електронски процедури.
Добрата позиција на бугарскиот пасош најмногу се должи на членството на земјата во Европската Унија и пристапот до Шенген-зоната, што овозможува слободно движење низ поголемиот дел од Европа и полесен влез во многу други земји преку меѓународни договори.
Тоа значи дека бугарските државјани можат да патуваат до бројни дестинации без сложени визни постапки, додека граѓаните на многу други земји и натаму мора однапред да аплицираат за визи и да чекаат одобрение.
На врвот на листата според мобилноста се Обединетите Арапски Емирати, Франција, Шпанија, Австрија, Белгија и Финска.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

