23 јули 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека намерното попречување на евроинтегративниот процес на земјата претставува форма на државен удар.
Говорејќи на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, Филипче ја критикуваше состојбата во неколку области, посочувајќи го влијанието на власта врз судството, недостатокот на негова независност, слабата борба против корупцијата и, како што рече, влијанието на „српскиот свет“ и Русија во регионот.
„Влијанието на оваа влада врз судството, (не)независноста на судството, отвореното влијание од највисоките власти, слабиот учинок во борбата против корупцијата, влијанието на ’српскиот свет‘, а со тоа и влијанието на Русија во овој регион, на Балканот и во овој дел од Европа, се прашања кои отворено се споменуваат во извештаите“, изјави Филипче.
Според него, земјата нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија и секое намерно одложување на овој процес треба да покрене сериозни прашања.
Зошто заостануваме зад другите земји кандидати?
Филипче направи паралела со другите земји од регионот и пошироко, нагласувајќи дека тие остваруваат напредок, додека Северна Македонија стагнира:
„Се поставува прашањето дали намерното стопирање на европскиот пат не е форма на државен удар. Кога се знае што треба да се направи и кога не е отворено ниту едно преговарачко поглавје... тогаш е јасно дека не одиме напред“, рече лидерот на СДСМ.
„Ние сме единствената земја која нема отворено ниту едно поглавје за преговори, додека овие четири земји кандидати несомнено ќе бидат следните земји членки на Европската Унија“, заклучи Филипче.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

