23 јули 2026
• од Темелко Тошев
Недостатоци во законската регулатива, недоволни административни капацитети и слаб фискален напор сериозно ја ограничуваат способноста на општините за ефикасно прибирање на локалните даноци, такси и надоместоци. Ова го покажува најновата ревизија спроведена од Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Според ревизорскиот извештај кој го опфаќа периодот од 2020 до 2024 година, мерките и политиките на надлежните институции и локалната самоуправа не обезбедуваат навремена и целосна наплата на сопствените приходи во општинските каси.
Податоците од ДЗР откриваат сериозни финансиски загуби за локалните буџети. Во анализираниот период, општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања, додека паралелно биле отпишани побарувања во вредност од 233,9 милиони денари.
Особено загрижува фактот што дури 67% од ненаплатениот данок на имот се побарувања постари од пет години. Според ревизорите, ова јасно укажува на недоволен фискален ангажман и неажурност од страна на општинските власти.
Извештајот лоцира бројни слабости во постојната законска рамка кои директно влијаат на лошата наплата:
Дополнително, само 15 општини во државата извршиле ревизија на пазарната вредност на недвижностите, што доведува до нееднаква примена на законите. Ревизорите утврдиле и дека дел од комуналните такси се наплатуваат без воопшто да бидат издадени решенија и без да постојат регистри на обврзници. Од вкупно осум комунални такси, само три се администрираат во повеќе од половина од општините.
Администрирањето на даноците е дополнително отежнато поради хроничниот недостиг на човечки ресурси. Општините се соочуваат со непополнети работни места во даночните одделенија, недостиг на проценители, како и нецелосни регистри на недвижен и подвижен имот водени преку различни и некомпатибилни софтверски решенија.
Инспекцискиот надзор е оценет како исклучително слаб. На државно ниво постои само еден инспектор од Управата за јавни приходи (УЈП) за оваа намена. На локално ниво, во сите општини заедно, работат вкупно 16 даночни инспектори кои немаат законско овластување да изрекуваат глоби, што дополнително ја намалува ефикасноста на терен.
Со цел надминување на овие утврдени слабости, Државниот завод за ревизија веќе упати низа препораки до надлежните институции за итно подобрување на системот за администрирање и наплата, како и за зајакнување на фискалниот капацитет на општините.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

