23 јули 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска објави документи за кои тврди дека покажуваат оти во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а надлежните институции не презеле мерки.
Според Филипче, извештај од Центарот за јавно здравје за примерок од вода земен во болницата покажува дека анализите, завршени на 13 мај, утврдиле присуство на 51 колиформна бактерија во 100 милилитри вода, поради што примерокот не ги исполнувал условите за безбедна вода за пиење.
„Ова е примерок од чешма во болница каде што се лекуваат пациенти. Во извештајот јасно пишува дека водата не соодветствува на квалитетот потребен за пиење, а никој не реагирал“, изјави Филипче.
Тој оцени дека станува збор за сериозен пропуст кој може да го загрози здравјето на граѓаните и побара итен вонреден надзор на сите водоснабдителни системи во државата. Според него, потребно е јавно да бидат објавени резултатите од физичките, хемиските и микробиолошките анализи на водата, како и податоците за хлорирањето.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

