07 јули 2026
• од Темелко Тошев
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, упати остри критики до власта по денешното потпишување на договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за доградба на автопатот Скопје – Блаце. Според него, овој чин е јасен доказ дека владата залудно потрошила две години, правдајќи го застојот со наводна промена на трасата која во реалноста воопшто не се случила.
Османи истакна дека претходната власт го оставила проектот целосно подготвен за реализација, со обезбедено финансирање и веќе започнати тендерски постапки.
„Две години ни велеа дека автопатот Скопје – Блаце е блокиран затоа што се менува трасата. Ова беше изговор за секое одложување. Денеска, со потпишувањето на договорот, станува јасно дека ниту милиметар од трасата што ја оставивме подготвена не е променет. Значи, финансирањето беше обезбедено, проектот беше завршен, средствата беа одобрени, а започнаа и тендерските постапки. Две години беа потрошени за залажување на јавноста со ‘промена на трасата’ иако такво нешто не постоеше. Граѓаните заслужуваат едноставен одговор: Зошто беа изгубени две години?“ – прашува Османи.
Реакцијата на Османи следува по официјализирањето на договорот со ЕБОР за инвестициски грант, кој е наменет за завршување на преостанатите километри од оваа клучна патна инфраструктура.
Клучни информации за проектот:
Од друга страна, на денешниот настан премиерот Христијан Мицкоски вината за досегашната состојба ја посочи кон претходните раководства.
Тој обвини дека автопатот Скопје – Блаце со години наназад претставувал симбол на неисполнети ветувања. Премиерот нагласи дека речиси секоја претходна влада го ветувала овој проект, а одредени политички партии со години „се удирале во гради“ тврдејќи дека токму тие најмногу се грижат за развојот на овој дел од државата, оставајќи ги граѓаните да чекаат на реализацијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

