07 јули 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остра реакција до јавноста во врска со составот на државната делегација на Северна Македонија на Самитот на НАТО во Турција, критикувајќи го фактот што во неа не е вклучен ниту еден претставник од редовите на Албанците.
Од партијата оценуваат дека ваквиот потег претставува непочитување на мултиетничкиот карактер на земјата и испраќа лоша слика пред меѓународните партнери.
Според соопштението на ДУИ, отсуството на албански претставници во високата дипломатска делегација е јасен показател за погрешен политички пристап и маргинализација.
„Кjo е слика на еден политички менталитет кој државата ја гледа како сопственост на една етничка заедница, додека Албанците ги третира само како внатрешен декор“, порачуваат од партијата.
ДУИ потсетува дека патот на Северна Македонија кон евроатлантските интеграции се базира исклучиво на внатрешната кохезија и ги потсетува институциите дека земјата е мултиетничко општество.
Според нив, членството во Алијансата е резултат на политичка архитектура изградена врз три основни столба:
Од партијата нагласуваат дека државните делегации имаат обврска да ја рефлектираат, а не да ја бришат реалноста на државата на меѓународната сцена.
Исклучувањето на Албанците од највисоките нивоа на меѓународно претставување, велат од ДУИ, е погрешна порака за граѓаните, за сојузниците и за самиот карактер на државата.
„Државата не се претставува правично кога половина од нејзината реалност е оставена надвор“, се заклучува во партиската реакција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

