07 јули 2026
• од Темелко Тошев
Српското влијание во Македонија е значително посилно од бугарското, а главната причина за тоа се заедничкото минато во поранешна Југославија, музиката и медиумските содржини кои секојдневно се консумираат. Ова го истакна Арбен Таравари при неговото гостување во поткастот „Почетна пресметка“.
Анализирајќи ги културните и општествените влијанија во регионот, Таравари посочи дека децениското живеење во иста држава оставило длабоки траги врз навиките на македонските граѓани. Тој направи паралела со Словенија, каде што, како што вели, денес ретко може да се слушне српска музика по кафулињата, додека во Македонија сликата е сосема поинаква.
„Во Македонија поминете кај сакате. Или англиска или српска музика, македонска ретко некаде ќе најдете“, изјави Таравари во поткастот.
Тој го илустрираше овој феномен и преку традиционалните прослави, посочувајќи дека на македонските свадби најчесто само првата песна е македонска, додека остатокот од репертоарот е исполнет со српска музика.
Според него, доминацијата на естрадни уметници од северниот сосед дополнително ја потврдува оваа теза. Тој забележува дека гостувањата на бугарски или хрватски пејачи во земјава во последно време се речиси невозможни, за разлика од постојаното и масовно присуство на српската естрада.
„Програмите, па сè тоа... сè влијае врз потсвеста на луѓето“, заклучи Таравари во „Почетна пресметка“, објаснувајќи како секојдневната изложеност на одредена поп-култура преку медиумите и забавната индустрија директно го обликува јавното мислење и континуирано го одржува српското влијание во македонското општество.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

