19 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Полициските службеници во Македонија добиваат нов, помодерен кодекс за личен изглед. Отсега, тие ќе можат да носат уредна брада и одредени видови тетоважи, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) усвои значајни измени во Правилникот за однесување и меѓусебни односи на работниците, објави порталот Скопје1.мк.
Основната верзија на Правилникот била донесена на 4 мај оваа година, но по иницијатива на Гранскиот независен синдикат на полицијата, биле предложени измени кои се однесуваат на личниот изглед на полицајците. Предлогот бил позитивно разгледан од страна на МВР, по што дополнувањата официјално стапиле на сила со нивното усвојување на 1 јуни.
Со новите одредби се воведуваат прецизни стандарди за тоа што е дозволено за униформираните полициски службеници:
Покрај визуелниот изглед, прифатен е и предлогот за укинување на ограничувањата за користење мобилни телефони кај дел од полициските служби, што претставува дополнително олеснување во нивното секојдневно функционирање.
Информацијата ја потврдија и од Независниот синдикат на полицијата, од каде ја поздравуваат одлуката. Синдикатот оценува дека станува збор за значаен чекор кон модернизација на условите за работа и нивно усогласување со современите практики кои веќе долги години се применуваат во голем број европски држави.
Од МВР потенцираат дека со овие измени е постигната идеална рамнотежа – од една страна се излегува во пресрет на современите потреби на полициските службеници, додека од друга страна се задржуваат високите стандарди за професионалност, дисциплина и углед на полициската служба во државата.
Скопје конечно добива три јавни тоалети: Локациите се познати, но не и датумот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

