18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Зијадин Села реагираше на усвојувањето на амандманот во извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија, со кој се предвидува правосудниот испит да може да се полага на албански јазик.
Тој најпрво се осврна на упорноста на албанските студенти во одбраната на институционалната употреба на албанскиот јазик, нагласувајќи дека кога некој е одлучен и го сака својот народ, резултатите се неизбежни. Според Села, Европскиот парламент испратил јасна порака дека државните испити треба да се полагаат на албански јазик, без притоа да се наметнува потреба од носење на нов закон.
Во продолжение е целосниот коментар на Зијадин Села:
„Кога си на земјата на твојот јазик, на јазикот на нашите огништа и во правото на јазикот на твоите предци, но пред сѐ, кога го сакаш јазикот и народот на кој му припаѓаш и си одлучен до крај да не се откажеш од тоа што си, нема како да биде поинаку.
Европскиот парламент јасно кажа: Државните испити мора да се полагаат на албански јазик! Не спомена ниту нов закон, ниту методологија, ниту регулативи, ниту теорија или практика. И тоа не само за правосудниот, туку за сите испити.
Охридскиот договор треба да се почитува во законите и во духот! Ова го изјави Парламентот на Унијата во која нашата земја цели да стане членка, во време кога актуелната Влада, покрај јазикот, се обидува да урне и уште еден столб на Охридскиот договор – правичната и соодветна застапеност.
Што сакате повеќе, што сакате појасно од ова!?
Честитки до студентите за оваа голема победа, за кои исто така Европскиот парламент беше дециден: Студентските протести не се ниту дестабилизирачки, ниту политизирани.
Нашата битка за јазикот мора да продолжи исто така – одлучно, без компромис, сѐ до целосна еднаквост на албанскиот јазик во Уставот со македонскиот јазик.
Почит, момци и девојки!“
Според Села, ставот на Европскиот парламент е потврда дека Охридскиот рамковен договор мора да се имплементира и почитува во целост, како во законската рамка, така и во пракса.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

