18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето најново обраќање до јавноста и одговарајќи на новинарски прашања, истакна дека Македонија има чиста преговарачка рамка со Европската Унија и дека внесувањето на Бугарите во Уставот е неопходен чекор за почитување на малцинските права и продолжување на евроинтегративниот пат на државата.
Според Филипче, преговарачката рамка е идентична со оние на останатите земји од регионот кои преговараат со ЕУ, како Црна Гора и Албанија, и не претставува опасност за националните интереси.
Лидерот на СДСМ потенцираше дека обврските од францускиот предлог и усвоените протоколи, вклучително и охрабрувањето за работа на Историската комисија, не се формален услов за блокада на патот кон ЕУ.
„Имаме чиста преговарачка рамка, во рамките на тоа треба да се почитуваат малцинските права, затоа Бугарите треба да влезат во Уставот како едно малцинство од многуте, покрај Хрватите и така натаму. И понатаму, Историската комисија која што треба да си работи, што не е нешто ново,“ изјави Филипче.
Тој ја отфрли тезата дека Историската комисија може да биде искористена како алатка за ново вето, нагласувајќи го начинот на кој таа функционира:
Филипче упати директни критики кон актуелната власт и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за демагогија и играње со емоциите на граѓаните преку лажни обвинувања за „предавство“.
„Ние нема да му бидеме алиби за предвремени избори,“ дециден е Филипче. Според неговите проценки, Владата нема финансиски капацитет да го издржи мандатот до крајот, односно до 2028 година.
Осврнувајќи се на правата на македонското малцинство во Бугарија, лидерот на опозицијата нагласи дека вистинската борба за нив се води од позиција на рамноправна земја-членка на ЕУ, преку меѓународните институции како Европскиот парламент и Судот за човекови права во Стразбур.
„Кога ќе бидеме рамноправна земја членка во Европска Унија, можеме од многу посилна политичка позиција да ја прашаме Бугарија зошто не ги почитува пресудите на Судот во Стразбур. Така се бори за нацијата,“ објасни тој.
На крајот, Филипче предупреди на опасностите од политичка изолација. Доколку Македонија остане надвор од европските текови и буџетските планирања на ЕУ, на земјата ќе ѝ останат на располагање само Horizon програмите и фондовите за прекугранична соработка, што, според него, не е доволно за економски опстанок, особено додека соседите како Црна Гора и Албанија забрзано одат напред.
„Ако човекот не е сигурен во себе и во својот идентитет и бара заштита, не му е местото да ја води државата,“ заклучи Филипче.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

