18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Европскиот парламент (ЕП) денеска усвои амандман кој се однесува на употребата на албанскиот јазик за време на полагањето на државниот правосуден испит во Северна Македонија.
Европскиот парламент упати директен повик до надлежните институции во Северна Македонија за што побрзо решавање на овој проблем. Воедно, европратениците изречно бараат студентските протести поврзани со оваа тема да не бидат етикетирани и неточно портретирани како политички мотивирани или како фактор кој ја дестабилизира државата.
Во официјалниот текст на амандманот поддржан од Европскиот парламент се истакнува:
„Ги повикуваме властите во Северна Македонија што поскоро да го решат прашањето за употребата на албанскиот јазик на државните испити, со цел да се обезбеди практична имплементација на Охридскиот рамковен договор, како во слово, така и во дух. Исто така, бараме да не се претставуваат неточно студентските протести како политички мотивирани или како дестабилизирачки фактор.“
Овој потег доаѓа како реакција на реакциите во јавноста и студентските собири кои бараа остварување на правото за полагање на правосудниот испит на нивниот мајчин јазик.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

