18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица денеска излезе со сериозни обвинувања за сомнителна распределба на народни пари преку донации и спонзорства од Државната лотарија. Според партијата, на платниот список на институцијата се нашол братот на член од личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, кој преку своето здружение инкасирал сума од околу 24.000 евра.
Милионски суми за ангажирање артисти во Дојран
Имено, како што посочуваат од Левица, Здружението „Визуел Продакшн“, чиј застапник е Лазар Гогов – брат на Вељо Гогов (обезбедување на премиерот Мицкоски), добило над 1,5 милиони денари државни пари. Овие средства биле исплатени во форма на донација од Лотарија на Македонија.
Според информациите до кои дошла партијата, овие пари здружението ги добило наменски, за ангажирање на артисти за реализација на музичкиот настан Д-Фестивал кој се одржува во Дојран.
Левица бара одговори за критериумите и јавниот интерес
Оваа трансакција отвора низа дилеми за транспарентноста и начинот на кој се трошат средствата од Државната лотарија. Од Левица јавно прашуваат:
„Дали парите во Државната Лотарија се пари на граѓаните, или личен фонд за наградување партиски послушници од Струмица и луѓе кои се во служба на премиерот на државата?“, прашуваат реакцијата од Левица, обвинувајќи за груб непотизам и користење на државните институции за финансирање на лица блиски до власта.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

