18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Ружди Матоши излезе со остра реакција по повод најновата одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија, со која се поништи одлуката на Советот на Општина Тетово за именување и преименување на улиците во градот.
Во своето обраќање до јавноста, Матоши упати директен повик до судиите од албанска националност кои се дел од Уставниот суд, барајќи од нив да се повлечат од своите функции во знак на револт. Според неговите зборови, одлуката за укинување на имињата на тетовските улици претставува уште еден доказ за континуиран негативен однос кон Албанците.
Неговата целосна реакција гласи:
„Албанските судии кои се членови на Уставниот суд на Северна Македонија треба да поднесат оставки од оваа институција, која постојано покажува шовинистички тенденции кон албанскиот народ на своите огништа. Оставка и протести!“
Повикот на Матоши за оставки и протести доаѓа како одговор на одлуката на највисоката судска инстанца која ги прогласи за неуставни постапките на тетовскиот Совет за промена на називите на јавните простори, тема која веќе подолго време предизвикува реакции во политичката и општествената јавност.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

