16 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Крива Паланка поднесе кривична пријава против 61-годишниот З.П. поради сомнеж за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Општинскиот инспектор за животна средина се товари дека ги пречекорил своите овластувања за време на теренски надзор извршен во текот на летото.
Според деталите од пријавата, инцидентот се случил на 24 јули 2024 година во кривопаланечкото село Конопница. При вршење на инспекциски надзор над водоводна инфраструктура која била во приватна сопственост, пријавениот усно им наредил на присутните вработени од ЈП „Комуналец“ насилно да дејствуваат.
По негова директна наредба, вработените во комуналното претпријатие ги оштетиле катанците од резервоарите кои служеле како распределителна шахта на приватниот имот.
Поради ваквото постапување, предизвикувањето штета и непочитувањето на процедурите при работа со објекти во приватна сопственост, против инспекторот е покрената соодветна постапка пред надлежните органи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

