15 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Во морето од тага, болка и загуби што ги остави катастрофалниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, пристигна и една вест што внесе надеж и насмевка меѓу граѓаните. Една од преживеаните девојки во кобната ноќ, неодамна стана мајка, носејќи на свет здраво машко бебе.
Директорката на Општата болница во Кочани, д-р Катерина Паниќ Мирчовска, ја сподели оваа емотивна вест, истакнувајќи дека токму оваа приказна е една од најубавите што произлегле од трагедијата која ја потресе целата држава. Во моменти кога се чинеше дека сè е завиткано во црно, новиот живот докажа дека надежта секогаш наоѓа пат.
„Имаше многу убави приказни помеѓу повредените, имаме девојче кое што на свет донесе здраво машко бебе после пожарот. Тоа беше една од најубавите вести, убаво чувство ми предизвикува кога знаете дека нешто убаво излегло од цело тоа неубаво“, изјави д-р Паниќ Мирчовска.
Осврнувајќи се на процесот на закрепнување, директорката посочи дека траумата и проектите за рехабилитација дополнително ги поврзале младите луѓе. Таа го истакна значењето на проектот „Пониква“, кој одиграл важна улога во нивното зближување.
„Можам да кажам дека и проектот 'Пониква' ги зближи додека беа таму. Да, тие беа познаници меѓу себе, но мислам дека ги зближи после тоа, посебно после разговорите со колегите, по такви колективни трауми.“
Таа направи паралела со слични трагични настани во дискотеки ширум светот, потсетувајќи на кобните пожари во Кран-Монтана и Букурешт, каде младите исто така се соочија со огромни психолошки последици.
Вистинската битка за преживеаните, како што нагласува д-р Паниќ Мирчовска, започнува по излегувањето од болница. Прифаќањето на новата реалност и лузните од минатото бараат огромна сила, но и стручна помош.
„После такви трауми, многу недостасува социјалната и психолошката поддршка на тие луѓе – односно како да се ресоцијализираат, како да се вратат во нормала и како повторно да им се смени тој 'мајндсет' дека животот мора да продолжи понатаму. Да се прифатат лузните со настанот, дека нештата не биле како што било претходно“, заклучува директорката.
Раѓањето на ова бебе е мал, но исклучително значаен чекор кон исцелувањето на Кочани. Тоа е симбол на пркосот, силата на младоста и потсетник дека дури и по најголемите колективни трауми, животот продолжува да се бори и да победува.
Почеток на одбројувањето: Денеска завршува првиот уписен рок за средношколците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

