15 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Во неодамнешното гостување во подкастот „Почетна пресметка“, Лидија Спиреска упати сериозна порака против зголемените тензии и говорот на омраза кои во последно време се насочени кон соседна Бугарија. Според Спиреска, актуелната политичка клима е погрешна и не придонесува кон добрососедските односи.
Спиреска потенцираше дека фокусот треба да биде ставен на суштинските врски меѓу луѓето, кои остануваат и откако ќе поминат политичките гарнитури.
„Јас мислам дека политичарите доаѓаат и си одат. Народите остануваат и мора да продолжат да живеат едни со други“, истакна таа, осудувајќи го начинот на кој во моментов се поттикнува нетрпеливост.
Спиреска своето тврдење го поткрепи со примери од нејзиното секојдневие. Таа раскажа за своето искуство со престоите во Бугарија, кои се чести во изминатите две години, истакнувајќи дека не наишла на никаква непријатност поради своето македонско потекло.
„Бугарите се наши соседи и тоа ќе остане така“, заклучи Спиреска, испраќајќи порака дека меѓучовечките односи не смеат да бидат жртва на дневната политика.
Почеток на одбројувањето: Денеска завршува првиот уписен рок за средношколците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

