15 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, упати остра осуда по повод инцидентот со палењето на дипломатските автомобили на бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го како директен напад кој ја довидува во прашање безбедноста на странските мисии во земјава.
Во својата официјална реакција, Јотова порача дека овој настан ги надминува рамките на обичен вандализам и претставува сериозен меѓународен инцидент.
„Категорично го осудувам палењето на дипломатски автомобили на бугарската амбасада во Скопје. Ова не е обичен криминален акт, туку недозволив напад врз дипломатска мисија, кој ја доведува во прашање способноста на властите во Република Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски претставништва согласно нивните меѓународни обврски,“ нагласува Јотова во својот став.
Бугарската претседателка потенцираше дека ваквите настани не се случуваат изолирано, туку ги посочи како резултат на долгогодишна неказнивост. Според неа, особено е загрижувачки што инцидентот се случува во услови на „продолжена антибугарска реторика и атмосфера на нетрпеливост“.
Таа предупреди дека ширењето на омразата, доколку остане без неопходниот институционален отпор, директно резултира со вакви радикални дејствија.
Од надлежните органи во Скопје, Јотова очекува итни, транспарентни и резултатни дејства за утврдување и казнување не само на директните сторители, туку и на нивните евентуални поттикнувачи.
Брзината и решителноста на македонските институции, според неа, ќе бидат јасен тест за посветеноста на Република Северна Македонија кон принципите на владеењето на правото и добрососедските односи.
„Европската интеграција не е само политичка цел, туку и одговорност. Држава која претендира за членство во Европската Унија мора безусловно да ја гарантира безбедноста на дипломатските мисии, да се спротивставува на говорот на омраза и да демонстрира почит кон своите соседи не само со зборови, туку и со дела,“ заклучува Јотова во својата изјава.
Почеток на одбројувањето: Денеска завршува првиот уписен рок за средношколците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

