16 јуни 2026
• од Темелко Тошев
По инцидентот со опожарените возила на бугарската амбасада во Скопје, бугарскиот пратеник Ангел Георгиев преку социјалните мрежи упати остри критики и најави итни институционални чекори. Како претседател на комисијата по политиките за Бугарите во странство, Георгиев информираше дека веќе свикал затворена седница на ова тело.
Споделувајќи вест од бугарската национална телевизија (БНТ) за запалените дипломатски автомобили, Георгиев истакна дека настанот е резултат на, како што ја нарекува, „целосната антибугарска кампања во Македонија“.
Во својата објава, тој побара итна реакција од нивниот државен врв, потенцирајќи дека е дојдено време за „цврсти и соодветни дејствија од Министерството за надворешни работи (МНР)“.
„Во Македонија Бугарите постојано се тепаат и малтретираат, им се суди во монтирани судски процеси, новинари покажуваат средни прсти во етер кон бугарската држава (премиерот и претседателот), а се краде и манипулира и бугарската историја. Ова не може да продолжи повеќе вака“, напиша Георгиев на својот Фејсбук профил.
Острата реакција на бугарскиот политичар доаѓа откако вчера во Скопје беа запалени автомобили кои се во сопственост на бугарското дипломатско претставништво, настан кој веќе предизвика бурни реакции во соседна Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

