15 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Македонски државјанин е уапсен во Врање под сомнение дека, претставувајќи се како лекар, измамил повеќе граѓани и им земал пари под изговор дека се итно потребни за лекување на нивни повредени роднини.
Според информациите од српската полиција, припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, во соработка со Регионалниот центар на македонската гранична полиција, го привеле С.К. (56), државјанин на Македонија.
Осомничениот се товари дека во периодот од 4 до 13 јуни оваа година, телефонски стапил во контакт со тројца жители од околината на Врање. Притоа, тој лажно се претставувал како лекар од Македонија и ги убедувал жртвите дека нивни блиски роднини претрпеле тешки повреди, поради што итно им се потребни финансиски средства за медицински третман.
Според досегашната истрага, откако ќе ги доведел во заблуда преку телефонскиот разговор, осомничениот лично ги посетувал оштетените на нивните домашни адреси и директно од нив преземал поголеми суми на пари.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, на осомничениот му е одредена мерка задржување во траење до 48 часа поради основано сомнение за сторено продолжено кривично дело „измама“. Тој, заедно со соодветната кривична пријава, ќе биде спроведен пред надлежниот обвинител.
Апел од полицијата: Полициската управа во Врање упати јавен повик до сите граѓани кои евентуално примиле слични телефонски повици или веќе биле жртви на ваков вид измама, веднаш да го пријават случајот на телефонските броеви 017/401-585 или 192.
Почеток на одбројувањето: Денеска завршува првиот уписен рок за средношколците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

