10 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Општинскиот советник во Куманово, Блерим Хисени, упати остри критики до локалните власти по замената на сообраќајните табли на влезот од кумановското село Черкез.
Откако првично беа поставени табли на кои беше целосно изоставен албанскиот јазик – потег што предизвика бурни реакции кај албанските советници – надлежните набрзо извршија замена. Сепак, според Хисени, квалитетот и начинот на кој е изработена новата табла се несоодветни и претставуваат континуирано непочитување.
Во својата објава, Хисени ја обвини власта за лицемерие и фалбаџиство за работи кои се нивна основна обврска.
„Во неможност да си ги извршуваат задачите како што треба и како што им е обврска, се перчат со замена на една табла, и тоа дури откако беа принудени од реакцијата на јавноста! Најлошото е што и новата табла ја поставуваат како да е изработена од некој ковач, продолжувајќи да го омаловажуваат албанскиот јазик на начин што само тие можат да го толерираат“, реагира Хисени.
Тој ги повика надлежните да престанат да ги претставуваат ваквите постапки како големи достигнувања.
„Барем молчете во вашето лицемерие, бидејќи колку повеќе се фалите со ‘успеси’, толку повеќе се закопувате самите себеси пред граѓаните“, додава советникот во својот статус.
Инаку, селото Черкез е речиси целосно населено со етнички Албанци. Првичните табли, испишани само на македонски јазик, беа заменети и поправени веднаш по јавната реакција на албанските општински советници од опозициската АКИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

