09 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, најави нова стратегија за справување со летните пожари низ земјава. Во своето последно телевизиско гостување, тој истакна дека институцијата ќе упати апел до пензионираните полицајци и војници, како и до лицата кои по друг основ ги напуштиле МВР или Армијата, да се вклучат во противпожарните тимови.
Главната задача на овие кадри би била ракување со водните пумпи со кои се прска веќе изгорената површина, со што ќе се растоварат професионалните пожарникари.
Според Ангелов, целта е локалните противпожарни единици да не се трошат на позиции кои можат да ги покријат и други обучени лица.
„За да немаме побарување кон локалните пожарникари, бидејќи минатото лето на таа позиција стававме искусни пожарникари, но верувам дека после интензивната обука која ќе ја направиме и по учеството во помали, понеризични пожари, тие самите ќе стекнат одлично искуство да го работат тоа“, објаснува Ангелов.
Директорот на ДЗС упати отворен повик до сите поранешни припадници на безбедносните сили кои се чувствуваат психофизички подготвени, нагласувајќи дека нивниот ангажман ќе биде соодветно платен.
Ангелов уверува дека државата годинава влегува со подобри капацитети во критичниот период за пожари. Тој информираше дека во изминатите две години се набавени повеќе од 30 нови противпожарни возила, а воедно е зголемен и вкупниот број на професионални пожарникари во единиците низ Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

