09 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Редок и исклучително комплексен медицински случај кој ги поместува границите на современата медицина ја бранува јавноста. Болницата „Плодност“ објави дека пациентка на 58-годишна возраст останала бремена со тројка по успешна постапка на ин витро оплодување (ИВФ).
Водечкиот доктор во овој процес, д-р Таше Трпчевски, сподели детали кои јасно укажуваат на вистинскиот предизвик и професионалност на неговиот медицински тим во справувањето со вакви специфични случаи.
Станува збор за пациентка од соседството, поточно од Србија, која веќе пет години била во менопауза. Зад неа и нејзиниот сопруг имало два претходни неуспешни обиди за ин витро.
Овој пат, по третиот обид и со соодветна медицинска подготовка, успехот е евидентен. Процедурата вклучувала:
Од овој процес биле создадени три бластоцисти (ембриони во напредна фаза на развој), кои биле вратени при ембриотрансферот. Резултатот ги изненадил дури и лекарите – сите три ембриони успешно се имплантирале, а ултразвучниот преглед потврдил тројна бременост.
Пациентката во моментов е во деветтата гестациска недела, а д-р Трпчевски потврдува дека сите три плодови се витални. Сепак, со оглед на возраста, оваа бременост се класифицира како екстремно високоризична.
„Станува збор за бременост која бара внимателно следење и мултидисциплинарен пристап. Доколку пациентката одлучи да ги износи и роди сите три бебиња на 58-годишна возраст, тоа навистина би бил исклучително редок случај во светски рамки“, изјави д-р Трпчевски.
Поради сериозните здравствени ризици за мајката и за самите плодови, лекарскиот тим веќе препорачал ембриоредукција (намалување на бројот на ембриони за еден или два). Според информациите, пациентката планира понатамошните одлуки и медицински процедури околу бременоста да ги реализира во Србија.
Од Болницата „Плодност“ посочуваат дека овој случај е уште еден доказ за фасцинантниот напредок и можностите на современата репродуктивна медицина. Сепак, тој истовремено отвора и сериозни прашања и предизвици кои ги носат бременостите во подоцнежните години од животот, каде границите на биологијата се тестираат до максимум.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

